Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Талат Џафери молчат за опасната пресуда против ИРЛ, а судот дозволува во името на граѓаните да се носат срамни пресуди против слободата на говорот. Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) на претседателот на граѓанскиот суд Бесник Авдија му понудија да помогнат да ги едуцира судиите за основните човекови права каква што е слободата на медиумите. Известува: Лила Караташева Новинари,…
Во образложението на пресудата судијката посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните, туку треба исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска, а го прифати само оној на Анѓушев, со образложение дека Цветковска и ИРЛ не се новинари и медиум. Судијката Јованка Спировска Панева цени и дека морала да го зашити приватниот интерес, а…
Во рамки на пионерскиот проект на ИРЛ „Мобилна редакција“ кој започна пред четири години во Охрид и Крива Паланка, овој месец ИРЛ ќе биде во Кичево. Ќе дадеме видливост на проблемите натрупани поради лошо владеење и корупција. Основниот концепт на проектот „Мобилна Редакција“ вклучува „селење“ на тимот на ИРЛ, составен од известувачи, истражувачи, уредници и продуценти, во помалите градови и региони низ Македонија. Овие области често немаат соодветно или никакво…
Последното рочиште помеѓу Министерството за здравство и компанијата „ЕМС“ мина во тензична атмосфера. Фирмата ќерка на „Фероинвест“ бара да и’ се исплатат 1,2 милиони евра за изградени три модуларни амбуланти, додека министерството спори дека поради незаконскиот анекс со којшто сумата се зголемила за да се подобрат безбедносните стандари по пожарот во Тетово – договорот е ништовен. Адвокатот на тужителот бараше репортерот на ИРЛ да биде отстранет од судницата и да…

















