Press "Enter" to skip to content

Дарко Димовски: Тешко е да преговараш со газди кои мислат дека работниците се робови

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски денеска на прес-конференцијата која се одржа по презентирање на новиот проектот на „Гласен Текстилец“,  изјави дека е многу тешко да се вратат изубените работнички права. „Многу е тешко да преговараш со газди кои мислат дека се над вработените и дека ние работниците сме робови за нив. Затоа апелирам до цел невладин сектор да ни се приклучат и да ги вратиме правата…

Наташа Петровска: Гледајте ги работите од друга перспектива

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска отвори нова спортска сала и наместо да сече лента, направи „стој на глава“. „Порака до сите млади, за сите оние коишто сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа“ – изјави Петровска. Со овој свој гест градоначалничката испрати порака до младите.

Бектеши: Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија

Министерот за економија Крешник Бектеши во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“ рече дека ДУИ не планира да го менува лидерот на партијата Али Ахмети. „Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот“, рече Бектеши. Бектеши најави дека на Конгресот на…

Во јануари ќе има обвинение за случајот „Рекет 2“

„Истрагата за случајот „Рекет 2“ привршува, а на почетокот на јануари може да се очекува и обвинение за овој случај“, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Во овој случај покрај Бојан Јовановски, кој е првосомничен и во случајот „Рекет“ осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски која…