Press "Enter" to skip to content

Ахмети: Нема коалиција со некој што не ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска го одржа четвртиот конгрес, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер на партијата. Тој, пак, од говорница им испрати јасни пораки на интегративците и на другите политички партии. Освен дека мора да има владеење на правото и проветрување во правосудството, Ахмети рече дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат стратегиски приоритети за партијата и дека секој што нема да ги почитува договорите…

Миле Јанакиески: Магарето замина, удривте по мене

Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите за уривањето на комплексот Космос, во својот исказ пред Судот, денеска рече дека објектот е дивоградба и повторно побара да биде испрашан и бизнисменот Фијат Цаноски. Јанакиески, одговарајќи на прашања на неговиот адвокат, рече дека има детален листинг од комуникацијата на Фијат Цаноски во периодот од април 2010 до август 2011. „Многу е чудно, во тој период господинот Фијат Цаноски има…

Фрчкоски: Корумпираните судии нема да бидат опфатени со ветингот како што го замислила власта

„Ветингот како што го има замислено власта, нема да даде резултати и ќе биде големо разочарување. Смената на 20 корумпирани судии ќе донесе резултат“, рече вечерва во гостување на Телевизија 24 професорот Љубомир Фрчкоски. Тој вели дека ветингот како што е замислен, со фокус на имотот ќе биде големо разочаување. Според него, прва точка од ветингот треба да биде нестучното работење и службата на партиската власт. „Оние судии кои се…

Пендаровски: Прочистување на судството, но пред сѐ на политичарите

Малкумина се убедени дека правдата пристигна, рече претседателот Стево Пендаровски во неговото Годишно обраќање од македонското Собрание. Говорејќи за правосудството во земјава Пендаровски посочи на голем број незавршени судски процеси, а ја спомена и аферата Рекет, во која, како што кажа, се најде и првиот човек на телото формирано да гони криминал. „Безмалку три децении сме независна држава, а ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено…