Изборот на ИРЛ за изјава на денот денеска е на еден жител од селото Соколарци, кој по којзнае кој пат доби ветување дека конечно во неговото родно место ќе се изгради фекална канализација. Висока делегација денеска пристигна во селото Соколарци, кое се наоѓа во општината Чешиново – Облешево. Градоначалникот Горанчо Крстев и заменик – министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски им ветија на жителите дека за една недела почнува изградбата,…
Денеска по предоговрите на работните групи за Законот за јавно обвинителство кој утре треба да влезе во собраниска процедура, одговорајаќи на новинарско прашање дали обвинителите од СЈО имаат кредибилитет да продолжат со работа, министерката за правда, Рената Дескоска рече дека секој лично ја сноси својата одговорност и не треба таа да се пренесува на цела институција. Според неа, ако беше така, ќе требаше да не остане институција во нашата држава…
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, денеска во интервју за МИА рече дека реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија и затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè. „Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет. Советот на ЕУ отсекогаш бил јасен дека…
Обвинителката на СЈО, Фатме Фетаи пред денешното рочиште за случајот „Монструм“, за медиумите изјави дека не може евентуалната одговорност на еден обвинител за ја зацрни целата работа на Специјалното јавно обвинителство и со тоа да се заборави на криминалот. „Евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор и оправдување за да се заборави целокупниот криминал кој се направи изминативе години и ние да…

















