Нина Ангеловска со 64 гласа „за“, а 18 „против“, беше избрана за Министер за финансии. По дводневна расправа на пратениците во Собранието, каде владејачката и опозициската партија ја искористија говорницата за препукување на (не)сработената работа од двете страни, Ангеловска беше изгласана за нова министерка за финансии, а Хисен Џемаили е избран за министер без ресор. Ангеловска беше критикувана од страна на критичната јавност поради отсуство на компетенции и искуство во…
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков изјави дека тие немаат намера да се откажат од барањата за зголемување на платите на просветните работници. „Ако во периодот што следи септември не најдеме заемно прифатливо решение во однос на нашите барања, на почетокот на октомври ќе донесеме одлука што понатаму. Значи не се откажуваме од нашите барања за зголемување на платите на просветните работници на сите нивоа“, вели…
Во пределот на планината Готен во општина Радовиш, пожарот сè уште гори и се шири кон општина Василево. Шумски пожар во кој беше зафатена нискостеблеста шума над селото Иловица, Општина Босилово, сега е ставен под контрола и е целосно локализиран, но штетите се сеуште видливи. Голем пожар скоро два дена гореше во близина на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа. Пожарот распространет на површина од 60-тина хектари сеуште претставува закана…
28.8.2019 година Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, а уривање ќе има и на Матка, но откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи, најави во интервју за „Макфакс“ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој вели дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање. „Освен тоа што прогласи мораториум за градење Охрид веќе избра фирма…

















