Press "Enter" to skip to content

Земјоделец од Арачиново: Зборувате за милиони, јас немам ни 100 во џеб

На денешната посета на Арачиново од страна на техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, земјоделец кој беше присутен во публика му се пожали на претседателот Заев дека тие во своите говори зборуваат за милионски инвестиции и милиони кои тој не ги разбира. „Сега зборувате за милиони, јас не знам што се тие, немам ни…

Здрава котлина: Дел од загадувачите во струмичкиот регион се невидливи за институциите

Невладината организација „Здрава котлина“ од денешниот протест во Струмица ги повика градоначалниците и општинските инспектори од Струмица, Босилово, Ново Село и Василево со документи да покажат каде, кога и колку инспекциски надзори извршиле. Од организацијата се сомневаат дека дел од инсталациите кои го предизвикуваат аерозагадувањето се невидливи за општините. „Сите сме свесни дека има непријавени инсталации кои значајно го загадуваат воздухот, а од некои причини се невидливи за институциите“, обвини…

Рама: Албанија нема да плаче пред вратата на Европа

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Франс Прес“ изјави дека Албанија мора да се фокусира на сопствената иднина, додека Брисел ги разреши прашањата за проширување на Европската Унија. „Албанија нема да остане пред вратата на ЕУ и да плаче,” изјави Рама. Во интервјуто Рама потенцира дека Албанија не е на овој пат поради тоа што Германија или Франција тоа го бараат од нив, туку поради тоа што е единствениот пат за…

Макрадули: Во градинката на Водно повеќе не мириса на нафта

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, во придружба со градоначалникот на општина Центар и директорот на АД МЕПСО, денеска ја посети детската градинка „Кочо Рацин” на Водно. Причината беше промоција на нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење на триесет и три инвертер клима уреди кои се донација на МЕПСО. Макрадули рече дека од овој момент не постои јавен објект-градинка што веќе загадува во…