Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и за нормална програмска содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната дебата на тема „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис“. „Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио. Таму за време на референдумот продефилираа сите најтврдокорни ликови кои сакаа крв да се…
Граѓаните кои го следат Собранискиот канал ретко можат да го слушнат гласот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Неговите излагања од собраниската говорница во изминатите десетина година можат да се избројат на прсти на една рака. На денешната седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО, Ахмети во својата 13 годишна кариера како пратеник го имаше третото обраќање. Накусо, Ахмети рече дека усвојувањето на протоколот ќе претставува пресвртница за…
Судскиот совет по повеќе од една година од објавувањето на огласот за избор на судии во Апелацискиот суд во Скопје конечно избра шестмина судии кои ќе треба да го пополнат кусокот на судии во второстепениот суд. Лидија Зимбовска, Ѓоко Ристов, Јусуф Ајрулаху, Виолета Поповска, Аритон Ала и Цветанка Ташева се новите судии на скопската Апелација. Претседателот на Советот, Киро Здравев, рече дека членовите гласале независно, без никакво влијание. „Гласањето е…
Министерката за правда Рената Дескоска своето задоволство од постигнувањето на потребната бројка пратеници за двотретинско мнозинство за носење на Законот за јавно обвинителство го покажа визуелно со бел чад како кога се бира папата во Ватикан. Под постот нa Дескоска имаше бројни реакции. Критичната јавност најмногу замерува за пазарлукот во корист на дел од обвинетите и осомничени за криминал функционери на опозицијата. За владејачката партија, законот е европски и по…

















