Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на владата, директор, пратеник и така натаму. Сега, полека,…
И министерот Манчевски го потврди покачувањето на платата за 5% на вработените во јавна администрација кои седат дома. Дополнително, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисија на ТВ21, рече дека бројот на вакви вработени се намалувал. „Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува,…
Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина. По денешниот распит во Судот, Ременски повика Обвинителството да ја докаже нејзината вина, а медиумите да ја почитуваат презумцијата на невиност. Таа рече дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев, кој од позицијата на претедател на СДСМ најави нејзино разрешување од партиските функции. За нејзино евентуално повлекување…
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното издание на емисијата 24 анализа рече дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер. „Османи е исто така осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја…

















