Press "Enter" to skip to content

Бел чад за (не)правдата

Министерката за правда Рената Дескоска своето задоволство од постигнувањето на потребната бројка пратеници за двотретинско мнозинство за носење на Законот за јавно обвинителство го покажа визуелно со бел чад како кога се бира папата во Ватикан. Под постот нa Дескоска имаше бројни реакции. Критичната јавност најмногу замерува за пазарлукот во корист на дел од обвинетите и осомничени за криминал функционери на опозицијата. За владејачката партија, законот е европски и по долгите опструкции од страна на опозицијата, конечно се носи закон со европско знаменце. Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва се јави со пост на социјалните мрежи каде што најави дека вечерва се очекува усвојување на предлог текстот на законот на владина седница.

“Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази. Она што ни беше една од основните цели, го обезбедивме – во законот нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите”, вечерва напиша претседателот на СДСМ Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во заедничко соопштение со Коалицијата за подобра Македонија се пофали дека нивната конструктивност донела до подобар текст и информира дека снимките од прислушуваните разговори за случаите Талир 1 и 2 немале да важат согласно новиот закон.

Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон. Го прецизиравме рокот за конечно одлучување по жалби. Собранието до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик“, се вели во соопштението.