Неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, со старите партнери тргнува во нов поход. Фирмата „Аполо инженеринг“, која профитираше од бетонизацијата на Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“. Пишува: Александра Денковска-Гоцевска „Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас…
Македонија е најсончевата земја во Европа. Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба. Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел…
Отсуството на критериуми и урбанистички план им остава простор за злоупотреби на општините своеволно да избираат што е проект од јавен интерес. Поради ова, граѓаните често се борат со општинските власти за да се сработат приоритетните и реални потреби на заедниците. Жителите на Сопиште се последните жртви на легалното беззаконие промовирано од сиот партиски естаблишмент. Градоначалникот 10 години им ветува канализација, пат и адекватна водоводна мрежа, но и со започнат…
Зоран Заев и Кочо Анѓушев беа позната политичка и бизнисменска двојка додека заедно ја водеа владата со фокус на реформи во економијата. На влегување ветија економска пролет, на излегување ги дочека енергетска катастрофа. Во истата и двајцата видоа шанса, а Законот за енергетика кој го истуркаа додека беа на Илинденска се покажа инспиративен – и едниот и другиот на различен начин ќе ги ползуваат бенефитите од стратешките инвестиции во сончевата…

















