Press "Enter" to skip to content

(ФОТО) Четириесетина лица однесени во првиот државен карантин во хотелот Ибис

Четириесетина лица кои што ноќва влегле во Северна Македонија, воглавно на граничниот премин Деве Баир, се однесени директно во хотелот “Ибис” кај трговскиот центар “Олимпико” во населбата Тафталиџе како дел од мерките за справување со ширењето на КОВИД вирусот. Ова е воедно и првиот државен карантин којшто владата го најави како мерка согласно одлуките од последната седница. Дежурниот тим на ИРЛ беше на терен за да види како се спроведува…

Босанците обвинуваат дека поради корупцијата се дозволило ширење на корона вирусот

Босанците беа шокирани оваа недела кога слушнаa дека политички поврзан локален бизнисмен можеби употребил приватни контакти за да ги прескокне пропишаните протоколи за безбедност за време на приемот во болница, носејќи го корона вирусот на најлошото можно место – на одделот за белодробно заболување. Пишува: Здравко Љубаш за OCCRP – партнер на ИРЛ; адаптираше за ИРЛ: Ива Јовановска Со затворањето на училиштата, продавниците, баровите и границите, властите рекоа дека направиле…

Богати Руси купуваат респиратори за да се заштитат од корона вирусот

Додека богатите ја користат својата моќ да си ги зголемат шансите за преживување и си купуваат респитори, лекарите се загрижени дека нема доволно во регионите низ Русија. Ова истражување е продукција на The Moskow Times . Преводот и текстот ги уреди Ива Јовановска. Семејството  од оваа приказна е едно од најбогатите во Русија. Вреди повеќе од една милијарда американски долари, тие поседуваат домови во некои од најбараните дестинации во светот,…

Од 300 луѓе кои минале на Деве Баир, само 9 Роми се однесени во групен карантин

Како се завршува во групен карантин, а како во домашна изолација, како изгледа процедурата во која се утврдува кој ќе оди во касарна, а кој дома. Ова се дел од прашањата кои ИРЛ ги упати до институциите,  а за кои веќе три дена чека одговор откако на 17 март од најавените 200 граѓани кои се враќаат од странство, од граничниот премин Деве Баир само 9 музичари – Роми  беа однесени…