Функционери се изземале од одлуки на Влада поради судир на интереси. Меѓу нив се и премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев. Но, и покрај објавите во медиумите за овие случаи, генералниот секретар не кажува зошто побарале изземање бидејќи ќе настанела повреда на личните податоци, а тие штети ќе биле поголеми од штетите по јавниот интерес. Премиерот, неговите заменици и министрите во владате се изземале од одлучувања на владини седници поради судир…
Младен Чадиковски и Столе Наумов, едниот главен и одговорен уредник на „Телевизија 24“, вториот e новинар во радиото „Канал 77“ се двајцата кандидати кои утре ќе се борат да ја добијат довербата на новинарите за наредните четири години да го водат Здружението на новинари на Македонија. 30 тите избори на ЗНМ ќе се одржат во салата „Борис Трајковски“. Освен претседател, новинарите од своите редови утре ќе избираат и членови на…
Управата за јавни приходи истражува дали МПЦ-ОА работи законски. Ова официјално ни го потврдија од УЈП, но повикувајќи се на даночна тајна не откриваат повеќе детали. „Ве известуваме дека УЈП веќе води постапка со цел да се утврдат состојбите во рамките на МПЦ-ОА – Скопје. Имено, службите на УЈП вршат проверка, утврдување и оценување на состојби што се од важност по однос на даноците. Секоја дополнителна информација во овој момент…
Каде бил Митко Чавков од 18 до 20 часот на 27 април минатата година додека насилници тепаа пратеници во Собранието? Ова е клучното прашање за командната одговорност за насилните протести, односно од каде давал наредби тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност. Од приватни канцеларии во зградата на „Технометал Вардар“ или од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во секој случај не бил во командниот штаб на МВР. Сведоци на одбраната во судскиот…

















