Катица Јанева и останатите обвинители, и тоа под услов да бидат избрани, ќе добијат и шеф и лимитирани ингеренции. Со закон на владата СЈО повеќе нема да е независна институција, туку обвинителство кое ќе биде под управата на Државното јавно обвинителство водено од Љубомир Јовевски. Во сите случаи за кои СЈО поднесе обвинение до 30 јуни 2017 година како докази можат да се користат прислушуваните разговори. За истрагите и предметите…
Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…
Обвинителството за организиран криминал и корупција води истражна постапка за организаторите на насилните протести на 27 април пред две години. Во соопштението кое пред малку го објави обвинителството не се посочени ниту имињата, ниту иницијалите на осомничените, но претходно од Обвинителството неофицијално потврдија дека се приведени се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Од извори од Обвинителството ИРЛ дознава дека се трага…
Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески денеска се приведени по налог на Обвинителството за организиран криминал и се изведени пред судија на претходна постапка за насилните протести на 27 април 2017 година во Собранието. Од извори од обвинителството ИРЛ дознава дека се трага по поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во егзил во Унгарија и по поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој бара азил во Грција. Никола Груевски за време…

















