Во последниот извештај на „Репортери без граници“ за Индексот за слобода на медиумите, од 180 држави, Македонија годинава е на 95 место или 14 места подобра од минатата година. На првото место оваа година повторно се најде Норвешка, а во првите пет најслободни земји за новинарите се наоѓаат и Финска, Шведска, Холандија и Данска. Македонија се наоѓа во друштво на африканските држави Либерија, Мавританија и Бенин, а и покрај големото…
Со доза скромност, но и гордост затоа што е првата жена кандидат за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова се претставува на митинзите и средбите со граѓани низ градовите во Македонија. Силјановска Давкова, која е поддржана од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија е подготвена за жена претседател. Таа ветува дека во кабинетот и секаде каде што може ќе се опкружи со способни жени. Нагласува дека родот нема да…
Во своите говори зборува за режимот на Груевски и криминалната фамилија, но и за иселувањето на младите и НАТО и ЕУ. Низ струмичко се шеташе со партискиот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев, а гостин беше и Љубе Бошковски. Партиите одбројуваат до првиот круг на претседателските избори, кандидатите митингуваат, а граѓаните ги слушаат нивните ветувања. Кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ и уште 29 партии Стево Пендаровски викендов беше во…
Британската полиција денеска го упаси основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, откако Еквадор го повлече азилот кој му беше даден. Тој е притворен во централната полициска станица во Лондон, каде што ќе остане до појавувањето пред судот во Вестминстер што е можно побргу, се вели во соопштението на полицијата. Во видеото од апсењето кое го објавија светските медиуми, Асанж извикува „Велика Британија мора да даде отпор на администрацијата на Трамп“. Адвокатот…

















