Судењето за случајот „Слимлајн“ и продажбата на суплементи за слабеење со опасниот „сибутрамин“ конечно заврши. По четири години поминати по судници, десетина одложувања и променет обвинител, процесот конечно завршува. Завршните зборови на обвинителството откриваат дека компанијата продавала и суплементи со поминат рок во Косово откако биле вратени од македонските аптеки. Обвинителството ги гонеше фирмата „СЛЦ Груп“ и управителката Андријана Павловиќ за измама на потрошувачи затоа што иако знаеле дека нивни…
Вила Доста или попозната како „Куќата на зетот“ нема да се продава. Објектот кој има културно историско значење како за селото Галичник така и за државата нема да заврши на електронска аукција. Откако ИРЛ објави дека месната заедница од Галичник пред пет години во корелација со општина Маврово Ростуша започнале процес на трансформација на сопственоста на Вила Доста, Општина Маврово се предомисли и одлучи – „Куќата на зетот“ останува во…
Драги сограѓани, потребна ни е вашата помош за да ги разбереме и истражиме вистинските ефекти од енергетската криза врз животот и животниот стандард на луѓето. Во потрага по одговорност, подготвивме кус прашалник кој ќе ни помогне да ги идентификуваме вашите најголеми стравови и проблеми за престојната зима. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги поставиме вистинските прашања и да направиме стории и истражувања кои ќе дадат точна слика за проблемите…

















