Уставните судии едногласно го укинаа деталниот урбанистички план за општина Карпош каде што Пуцко петрол требаше да гради бензиска пумпа. Со оваа одлука на судот се отвара пат, компанијата да бара и да добие милионска отштета од општината. Уставниот суд денеска го укина деталниот урбанистички план градска четврт 3 04 блок 04.05 за Карпош со кој се предвидува на локација во близина на хотелот Александар Палас компанијата Пуцко Петрол да…
Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19. Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на…
Уставниот суд поведе постапка времено да ги запре сите активности околу детален урбанистички план во Карпош каде што беше предвидено компанијата „Пуцко петрол“ да изгради бензиска пумпа. За изградбата на оваа бензиска пумпа, компанијата иако нема одобрение за градба ја тужеше општината Карпош и доби отштета од 2.5 милиони евра. Од конечната одлука на судот ќе зависи дали општината ќе се спаси од нови барања за милионски отштети. Сите шестмина…
Судењето за случајот „Слимлајн“ и продажбата на суплементи за слабеење со опасниот „сибутрамин“ конечно заврши. По четири години поминати по судници, десетина одложувања и променет обвинител, процесот конечно завршува. Завршните зборови на обвинителството откриваат дека компанијата продавала и суплементи со поминат рок во Косово откако биле вратени од македонските аптеки. Обвинителството ги гонеше фирмата „СЛЦ Груп“ и управителката Андријана Павловиќ за измама на потрошувачи затоа што иако знаеле дека нивни…
















