Пријатели од детството, продуцентите на неговото телевизиско шоу, бизнис партнери и адвокатот на олигархот Игор Коломајски се дел од луѓето кои новиот украински претседател ги одбра за свои најблиски соработници и им додели високи државни функции. „Перспективите од овој избор се многу лоши“, вели Адриан Каратниички од Атлантскиот Совет реферирајќи за изборот на Зеленски на Андреј Богдан, адвокатот на озогласениот олигарх. Овие вести дојдоа непосредно откако Зеленски – поранешен комичар…
Заев ги бира, Заев ги разрешува. Речиси сите претседатели на општински организации вршат дополнителни функции како директори во јавни претпријатија и членови во управни и надзорни одбори. ИРЛ разговараше со неколкумина. Известуваат: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска „Ги поддржувам сите одлуки на претседателот. Ако се покаже дека претседателите на општинските организации имаат вина за она што се случи на изборите, тогаш треба да бидат разрешени. Ја прифаќам одлуката иако…
Долгоочекуваната седница на Комисијата на мандатно имунитетни прашања, наместо со одземаење на мандатот на поранешниот премиер и бегалец во егзил, Никола Груевски, заврши со оставка на пратеникот и претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Десетминутниот говор во кој Богоевски ја образложува својата оставка дојде по барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на Комисијата да се дополни со со нова точка, а тоа е прекршувањето на Етичкиот кодекс на пратениците…
Нивната револуција почна како Шарената во Македонија. Но Судан беше земја под диктатура на еден човек цели 30 години на војна и гладување. Лекарите, адвокатите, професорит и еснафот во земјата пред 4 месеци смени еден моќен диктатор од корумпираната елита. Но, уште се протестира оти тие не прифаќаат замена за нова корумпирана елита. На 11ти април, 2019, армијата на Судан соопшти дека конечно го смени претседателот Омар Хасан ал-Башир, по…
















