Не запира скапата Фејсбук и Инстаграм промоција на премиерот Димитар Ковачевски. Само во последните три месеци СДСМ потрошила 18 илјади евра за да ги рекламира неговите активности на социјалните мрежи. Антикорупционерите не успеаја да откријат дали за објавите на личните профили на Ковачевски се трошеле државни пари оти Владата не соработувала со нив. Откако стана премиер, спонзорираните објави на Димитар Ковачевски достигнаа 82 илјади евра. Известува: Лила Караташева/Илустрација: Лука Блажев…
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Пеце Мирчевски го одби барањето на ИРЛ за слободен пристап до информации од јавен карактер за списокот на патници во владиниот авион. СОЗР тврди дека имињата на патниците претставуваат личен податок. Пред четири години, медиумите пишуваа дека Мирчевски со четири колешки бил на шопинг во Љубљана, но ова никогаш не се докажа бидејќи и тогаш владата не ги откри листите со…
Корист од скандалозните законски измени ќе имаат поранешни и актуелни функционери на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Ако измените се изгласаат ќе се спасат плејада на озлогласени крадци со вакви дела од различни партии како Рамис Мерко, Драги Рашковски, Никола Груевски. Ќар ќе имаат многу корумпирани функционери кои биле судени во последните 10 до 15 години, бидејќи измените ќе важат ретроактивно за неправосилните предмети, а на сила ќе стапат веднаш.…
Движењето „Подобро за Тетово“ во отворено писмо до Претседателот Стево Пендаровски изрази разочараност од неговиот молк три недели по објавувањето на истражувањето на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово. Документарниот филм „Убиство во Тетово“ беше објавен на 13 август, а Претседателот Пендаровски досега нема ниту едно соопштение за смртта на 14 наши сограѓани. Пендаровски се нема огласено ниту за откритијата на колегите од „Слободен печат“ и „Фокус“ за…

















