Државната комисија за спречување корупција донесе иницијатива со која од претседателот на Владата, Зоран Заев, се бара да поведе постапка за утврдување на одговорност на вицепремиерот Кочо Анѓушев по владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, при образложението врз основа на добиената документација и интервјуто направено со Анѓушев, рече деча предметот може да се подели во две фази. Во првата, има…
Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“. Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а се уште е без правна разврска. „Предмет кој во догледно време може да застари е случајот за…
Поранешниот премиер и сегашен азилант во Унгарија, Никола Груевски нема да одговара за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во предметот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати поради застареност на делото. За делото за кое според закон пропишана е максимална затворска казна од три години затвор, поминати се шест години. Оваа одлука ја донесе денеска Кривичниот суд на барање на одбраната, а државата ќе треба да му ги надомести…
Три лица во градот Офенбах во Германија се уапсени од страна на германската полиција под сомнение дека планирале бомбашки напад во име на Исламската држава. Помеѓу тројцата уапсени е и 24-годишен Германец со македонско потекло. Тој е главниот осомничен во истрагата. Според германските власти тој имал намера да произведува експлозиви, а имал обиди да набави оружје и на интернет. Негови соучесници биле и двајца Турци во раните дваесетти години, јавува…

















