Press "Enter" to skip to content

Јани Макрадули – заменик министер за животна средина и просторно планирање

Изјава на денот 

„После несаканиот инцидент што се случи со системот за затоплување во Гинеколошката болница Чаир, случајно вчера за време на нашите активности што ги имаме во рамките на имплементација на „Планот за чист воздух“, имавме среќа на средбите да присуствува и менаџерот на компанијата „Блу ер“ и тој не се либеше да помогне во овој момент. Со донација на оваа компанија од 10.000 евра денеска е опремен здравствениот објект со висококвалитетни прочистувачи и на тој начин ќе можеме да бајпасираме еден период во кој  најмалите, бебињата ќе бидат заштитени додека не се реши проблемот со загадувањето“, изјави Јани Макрадули заменик министер за животна средина и просторно планирање.

Една случајна средба и донација од 10.000 евра, за која Владата досега не се сети да одвои пари од буџетот.