Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…
Органите на правдата го бараа Мијалков два дена, но тој дојде во свое време и по своја волја и на локација која што самиот ја одбра. Во меѓувреме, системот му исполнил и лични барања: Обвинителството се откажало од две жалби. Едната која можела да донесе затворски притвор за Мијалков, а втората која му овозможува притворските денови да ги мине во луксузна куќа на Водно, наместо во неговиот стан во Капиштец. …
Нефи Усеини го пропушти последното рочиште на кое му се суди за насилство врз негов сограѓанин, а неговите адвокати во судот во Охрид го оправдаа дека заминал на операција во Турција. Според информациите кои ИРЛ ги доби од неговиот адвокатски тим, Усеини закажал операција на синусите. „Нефи Усеини замина пред неколку дена на операција на синусите во приватна болница во Истанбул. Не знам колку ќе се задржи таму, но пред…
Поминаа три години откако потпорен ѕид се урна врз работник на градилиште во Дебар Маало. Пензионерот Мијалчо Тодоровски загина на работно место, додека се правеа темелите на станбена зграда. Зградата одамна е вселена, становите се продадени, а смртта на работникот падна во заборав на институциите и во медиумите. Тодоровски е само статистика, како уште една жртва која е затрупана под бетонот и под правдата. Загубата не ја заборава единствено неговото…

















