Врховниот суд и’ овозможи слободно лето на поранешната министерка за внатрешни работи. Не се знае кога и дали ќе започне издржувањето на казната, бидејќи судот треба да ја преиспитува пресудата по нејзината жалба. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема да оди во затвор на први јули, откако Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Проценката на судот е дека таа од следниот понеделник ќе остане дома се додека…
Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата Делта Холдинг е осуден нa две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се товарат за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување. Во повторената судска постапка, која трае веќе шест години, осуден е и сопственикот на Нибенс корпорацијата Мило Ѓурашковиќ на четири години и три месеци затвор. Сите тројца во рок од три месеци од…
Никола Груевски судењето за случајот „Талир“ ќе го следи на далечина од 800-тини километри. Првообвинетиот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбегне и овој судски процес и од безбедно ќе ги гледа неговите сопартијци соочени со докази за рекет и лажни донации. Додека Груевски ноншалантно се шета покрај убавиот син Дунав во Будимпешта, неговите подредени добија покани за „Мој термин“ во судот на 18 февруари. Во „Талир“ покрај Груевски,…
















