„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. На ова прашање, Дескоска рече…
Ниту слика со Христијан Мицковски ве прави косопственик на неговите хидрцентрали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности, напиша на „Твитер“ пратеникот и поранешен пратеник на СДСМ, Александар Кирацовски. Кирацовски во петокот беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде што даваше исказ за случајот „Рекет“. Пратеникот ги отфрли обвинувањата во медиумите дека посредувал при средбите на притворениот Бојан Јовановски со бизнисмени и градоначалниц и дека…
Со денешниот исказ во Обвинителството, во однос на т.н случај „Рекет“, пратеникот Александар Кирацовски смета дека придонел за правилен тек на истрагата и пред камерите на медиумите изрази надеж дека ќе престанеле манипулациите и лажните вести. Кирацовскки ги отфрли сите обвинувања и шпекулации во кои се спомнува неговото име и дополни дека во ниту еден момент не извршил било какво кривично дело. „Како лице од кое се бараат информации, ги…
Стеван Павлески, досегашниот адвокат на Катица Јанева, вели дека одлуката повеќе да не ја брани Специјалната јавна обвинителка која што се наоѓа во притвор, ја донел самиот. „Стеван Павлески не е човек кој прифаќа и трпи притисоци, одлуката ја донесов од лични причини и ниту е поврзана со судир на интереси, ниту со какви било притисоци, јас никогаш не сум имал притисок од кого било во мојата кариера“, вели Стеван…

















