Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина. По денешниот распит во Судот, Ременски повика Обвинителството да ја докаже нејзината вина, а медиумите да ја почитуваат презумцијата на невиност. Таа рече дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев, кој од позицијата на претедател на СДСМ најави нејзино разрешување од партиските функции. За нејзино евентуално повлекување…
Претседателот на Собранито Талат Џафери во интервју за Радио Слободна Европа запрашан зошто важнтие закони како тој за Јавното обвинителство се носат зад затворени врати помеѓу лидерите, наместо во Собранието, тој рече дека таква била поставеноста на системот. Имајќи ја предвид поставеноста на системот, значи политичките партии се претставени преку пратениците, не секогаш лидерите се пратеници и во тој контекст периодот на транзиција којшто предолго трае во нашата земја допринело…
Ако за две недели Собранието не избере кандидат за Државен ревизор, инстуцијата која треба да е чувар на јавните пари ќе биде целосно закочена. Откако пред две години му истече мандатот на Државниот ревизор, за две недели му истекува мандатот и на заменикот Насер Адеми кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор, а чија функција завршува на четврти октомври. Се додека не се избере нов ревизор,…
Кога ќе стане збор за намалување или зголемување на привилегиите на политичарите, тогаш тие секогаш имаат идентичен став. Од позиција на власт или опозиција, и партиите и нивните преставници брзо и тивко се усогласуваат за законите со кои се регулираат нивните права. Така беше кога во неколку наврати кога во Парламентот се гласаа измени во Законот за пратеници, Законот за финансирање на политички партии, Законот за слободен пристап до информации…

















