Истражувачкото новинарство е интензивно и побарува многу ресурси, време, пари и новинари со соодветни вештини. Ретко кога е лесно или едноставно, па затоа дел од медиумските организации се соочуваат со ограничувања во ресурсите од секој аспект и даваат приоритет на брзи и таканаречени исплатливи вести. Но, вистинските причини за исклучувањето на критичното и длабинското новинарство од уредувачката политика има мрачни и нечесни мотиви. Поголемиот дел од индустријата свесно избира да…
Господинот Кочо Анѓушев веќе најмил адвокат во САД и поднел жалба, но амбасадорката Агелер не верува дека тоа ќе му ја промени судбината. ’Не би се обложувала на тоа‘, рече Агелер за амбициите на Анѓушев да и докажува на американската администрација дека е чесен. Според неа, тој на црната листа завршил поради цврсти докази, а не поради сомнежи. Известува: Александра Денковска Речиси е невозможно да се преиначи одлуката на Стејт…
Берат Дехари, функционер од кариера и обожавател на вицепремиерот Артан Груби е единствениот од кандидатите кој најави борба со корупцијата во медиумите. На прашањето дали бил ангажиран во штабот на ДУИ за локалните избори во 2021 година одговори скептично и изрази сомнеж дали ИРЛ воопшто е медиум. Известува: Лила Караташева; Илустрација: Лука Блажев Мандатот на сегашниот состав на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) истекува на осми февруари догодина.…
Во рамки на пионерскиот проект на ИРЛ „Мобилна редакција“ кој започна пред четири години во Охрид и Крива Паланка, овој месец ИРЛ ќе биде во Кичево. Ќе дадеме видливост на проблемите натрупани поради лошо владеење и корупција. Основниот концепт на проектот „Мобилна Редакција“ вклучува „селење“ на тимот на ИРЛ, составен од известувачи, истражувачи, уредници и продуценти, во помалите градови и региони низ Македонија. Овие области често немаат соодветно или никакво…

















