Истражувачкиот филм „Нечиста крв“ во продукција на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и Македонскиот јавен сервис (МРТВ) ја доби наградата за истражувачко новинарство – Global Shining Light Award за истражувањето „Нечиста крв“ на 13-тата Глобална конференција за истражувачко новинарство (GIJN) во Гетеборг, Шведска. За нaградите кои беа доделени вчера вечер, оваа година конкурираа рекорден број – 419 учесници од 84 земји. ИРЛ е првиот македонски медиум кој некогаш бил номиниран и…
Мелита Брезева и Александра Нешевска Димовска денеска во судница сведочеа како ги изгубиле своите сопрузи во ковид пандемијата како и за одлуката нивните најблиски да се лекуваат во болницата „Жан Митрев“. Лошите услови во јавното здравство и убедителниот маркетинг дека хемофилтрацијата лечи корона, биле доволни семејствата да одлучат да ги хоспитализираат во приватната болница. За скапото болничко лекување подигале кредити. Жан Митрев и неговата болница се обвинети за измама на…
ИРЛ испитуваше кој се крие зад анонимните фондови кои во јавноста се претставуваат како холандско – американски инвеститори. Контроверзниот проект од пред две децении, реализиран со пари на граѓаните сега се продава. Докторот Жан Митрев отуѓува мнозински удел од болницата, но ќе остане менаџер и ко – сопственик. Стратешки партнер во улога на купувач е навидум холандски фонд – „Балкан Алианс Хелткер“. Фондот во март го купил бизнисмен од Албанија,…
Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска беа првите сведоци кои денеска беа испитани во Кривичниот суд во случајот против Жан Митрев. Едната изгубила татко, другата изгубила сопруг. Двете кажаа дека се чувствуваат измамено и имаа оштетни побарувања. За двата сведока пресудно во одлуката каде ќе се лекуваат нивните блиски биле промоцијата на хемофилтрацијата како најуспешен начин за лекување на вирусот Ковид 19. Со денешното сведочење на Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска…