Press "Enter" to skip to content

Нова истрага за причините за пожарот и разрешување на Јовески бараат семејствата на жртвите кои загинаа во пожарот во модуларната болница

32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…

Оставка од Јовески, бара Платформата за борба против корупција

Оставка од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска побара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Нивното барање доаѓа од незадоволството од истрагата на обвинителството за изгорената модуларна болница во Тетово каде 14 лица го загубија животот. Порачаа дека доколку Јовески не си поднесе оставка, ќе смислат други начини со кои ќе го изразат незадоволството.  Од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бараат Љубомир Јовески да ја…

УБИСТВО ВО ТЕТОВО

Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.