Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието. Изнуденото повлекување следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред една недела поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“ кое се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Известува: Маја Јовановска Димитровска е обвинета дека ја искористила позицијата и…
Меѓу одбраните кандидати има и такви на коишто не им пречат нападите од политичари врз Антикорупциската комисија, кандидати со судир на интереси и такви коишто на интервјуата одбивале да одговараат на прашања коишто би можеле да вознемират некој политички или економски моќник. Претставникот на цивилниот сектор во комисијата за селекција, Снежана Камиловска Трпковска цени дека најдобрите извисиле, а слабите кандидати со лоши интервјуа добиле највисоки оценки од партиите и од…



