Ако сакате да добиете бесплатен и „ефикасен“ чај за слабеење потребно е да направите две едноставни работи: да го заследите профилот на позната инфлуенсерка на социјалната мрежа „Инстаграм“ која потоа од вас ќе побара да го заследите и профилот на брендот чаеви „Трекс“. Но, „магичните“ чаеви што топат масти тоа го прават со помош на дрога и вијагра. ИРЛ открива дека и покрај заплените на Царината, Обвинителството прави клучни и…
Најмалку пет институции, меѓу кои и Агенцијата за храна, МВР, Државниот пазарен инспекторат, Царината и Министерството за економија, би требало да се надлежни да спречат нелегална онлајн продажба на турските чаеви „трекс“ со супстанција која е недекларирана, забранета и опасна по животот. Институциите кои имале одговорност навремено и јавно да ги предупредат граѓаните си премолчиле, иако знаеле за присуството на оваа супстанција. Сите овие институции тврдат дека не е нивна работа…
Агенцијата за храна и ветеринарство и Царината се двете институции кои треба да ги контролираат увозот и продажбата на производите што се нудат како додатоци на исхрана. Истражувањето на ИРЛ за штетните суплементи што се продаваат под брендот „Слимлајн“ покажа институционална негрижа која отвора можност за злоупотреби. Фирмата „СЛЦ груп“ повеќе од една деценија увезува додатоци за исхрана, изречени се судски пресуди за нарушено здравје на повеќе граѓани, но чаевите…