Кичевската болница е најдолгото политичко ветување на сите министри за здравство од доцните 80ти години. Објектот кој требаше да ги згрижи пациентите од Кичево остана само празно бетонско здание. Последниот договор го склучила фирма од Зајас „Инсталација“ која наплатила 3 милиони евра, но не ги довршиле работите во предвидените рокови. Надзорот над изградбата го вршела компанијата „Евро консалтинг“, во која еден од сопствениците Бранислав Димитријевиќ беше обвинет за измама во…
По документарниот филм „Нечиста крв“ голем број граѓани секојдневно носат преставки до Лекарската комора со барање за ревизија на Ковид лекувањето во болницата Жан Митрев, но и за други приватни и државни клиники. И Лекарската комора и другите надлежни институции со слични оправдувања за спориот тек на надзорите и истрагите: на некој му треба време, на други проблем им се одморите. Надлежните институции се уште немаат конкретни одговори за јавноста…
По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, ИРЛ сними поткаст „Разговор во Редакција“ во кој гостуваа министерот за здравство Беким Сали и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска Грашкоска. Тие дадоа институционални објаснувања на обвинувањата од пациентите и доказите на ИРЛ за несигурното и неетичко лекување на КОВИД пациентите во приватната клиника „Жан Митрев“. Зборуваа и за незаконското одлевање на пари од Фондот за здравство во приватната болница…
















