Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни празнини, од пример…
Наместо да ја штити фелата од „расипаните јаболка”, Лекарската комора спречува жртвите на лекарски грешки да добијат шанса за разврска и правда. Случајот на Дона Неделковска од Тетово која остана без матка покажува дека пациентите се жртви на системот којшто треба да ги контролира и казнува лекарите. Поради молкот на надзорните институции граѓаните не можат да покренат кредибилни постапки пред обвинителството. Дека Лекарската комора е непробоен бедем во патот до…
Приватната луксузна населба „Радика вилиџ“ навидум се градеше согласно законите. Дозволата за реализација ја одобри локалната власт од Маврово и Ростуше. Четири години подоцна, Општината по налог на Државниот инспекторат за урбанизам го укина Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградба на 87 луксузни вили. Се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма која го изработи овој документ и на фирмата која била ангажирана за надзор.…

















