Поради адиминистративен пропуст на МАЛМЕД, Жан Митрев нема да одговара прекршочно за непријавено клиничко испитување. Во меѓувреме, кризниот пиар на клиниката води агресивна стратешка кампања да ја збуни јавноста и да лаже дека Кривичниот суд го ослободил од вина и пресудил дека работел чесно за време на пандемијата. ИРЛ открива дека ваквите тврдења се креираат во маркетинг служби и се дистрибуираат преку мрежа на медиумите каде што клиниката е клиент. …
Никако да почне судењето против докторот Жан Митрев. Денешното рочиште повторно се одложи на барање на адвокатите на докторот кои се жалат дека не им биле доставени сите докази. По едночасовна тензија меѓу одбраната и обвинителството, судот донесе одлука и го одложи судењето. Следното рочиште е закажано на 13-ти јуни. Пред судницата во која што му се суди за кривичното дело измама со умисла на пациенти кои се лекувале во…
Доктор Жан Митрев и неговата приватна болница се обвинети за кривично дело „Измама“. Јавното обвинителство – Скопје по шестмесечна истрага собра докази дека кардиохиургот со умисла ги доведувал во заблуда пациентите кои се лекувале од КОВИД 19 дека методот хемофилтрација е безбеден и ефикасен лек против вирусот. Казната за ова кривично дело е затвор од една до десет години. Обвинението се темели на 283 сведоци, на кои лекарот треба да…
Придружуван од двајца адвокати и подготвена презентација „Факти за Ковид“ доктор Жан Митрев денеска одржа прес конференција за новинари. Средбата со медиумите доаѓа во време кога обвинителството води истрага против него, а граѓанскиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати неговата тужба за клевета против новинарите на ИРЛ. Од институциите досега само Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) му поднесе прекршочна пријава и бара казна за болницата, бидејќи клиничките испитувања…

















