Истражувањето на ИРЛ за начинот на лекување на ковид пациентите е тема од јавен интерес и новинарите не смеат да бидат замолчени да известуваат. Ова е одлуката на Граѓанскиот суд Скопје кој го одби барањето на доктор Жан Митрев за остранување на документарниот филм „Нечиста крв“ и забрана за натамошно известување на новинарите на ИРЛ се додека неговата тужба за клевета и навреда не добие судска разрешница. Барањето е одбиено…
Порталите „Весник“ и „Експрес.мк“ го прекршија Кодексот на новинарите, одлучи Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите. До Комисијата за жалби за овие два интернет портали стигнаа жалби за нивни текстови поврзани со брзите тестови на Аџибаден Систина за КОВИД 19. Порталот „Весник“ на 3 април објави текст со наслов „Кому му треба војнава на Филипче против Аџибадем Систина?“. Во еден дел од текстот кој не беше потпишан…
Претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе донесе нова одлука за вонредна состојба за наредните 30 дена. Тоа нема да биде продолжување на кризната состојба која завршува денеска бидејќи во моментов нема таква можност затоа што Собранието не работи. „Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната ситуација. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат испитува каков бил третманот на две лица кои починаа од Ковид 19. Првиот пациент е 45 годишниот Р.З. од Куманово, кој не доби брза и итна реакција ниту од државниот систем, ниту пак вистински резултати од приватниот здравствен сектор. А, вториот случај е за смртта на 78-годишен пациент од Велес кој почина пред четири дена, а кој не бил згрижен во инфективното одделение бидејќи според…

















