Press "Enter" to skip to content

Смрт во најава на реката Дошница: Сопственикот на „Спортлајф“ сака да гради две мали хидроцентрали

Додека реките пресушуваат, проектите со малите хидроцентрали за кои постои мнозински отпор кај граѓаните продолжуваат.  Нов „таргет“ на овој лукративен бизнис е планината Кожуф. Сопственикот на кладилниците „Спортлајф“ Ѓоко Стерјоски сака да гради две мали хидроцентрали на еколошки чистата река Дошница.  Известува: Ивана Настеска, Пелагија Младеновска Трендот на малите хидроцентрали треба да престане и државата да се пренасочи на енергија од сонце и ветер, изјави пред една година тогашната министерка…

Како две македонски влади саботираа скапа италијанска студија која требаше да го спаси Маврово

Градежното дивеење во Маврово е дело на две различни влади и две навидум сосема различни администрации. ИРЛ по првпат открива како лобирањето и трговијата со влијание за приватни интереси ќе го остават Националниот парк „Маврово“ со неизвесна судбина. Идејата да се изградат мали хидроцентрали на територијата на Националниот парк „Маврово“ ќе го блокира процесот за репрогласување на Паркот во заштитено подрачје. Во две од трите спорни мали хидроелектрани, кои сè…

ЗЕЛЕНИ ТАЈНИ

Истражувањето „Зелени тајни“, преку случајот со малите хидроцентрали, по првпат документира процес на трговија со влијание и дава вистински приказ на заробената држава. Жртва биле највредните национални богатства, како Националниот парк „Маврово“. Во текот на една деценија Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети испорачале блокирање закони и студии, креирале нови и поволни регулативи за бизнис-секторот и така ја овозможиле деструкцијата на националните богатства.  По првпат прикажуваме како функционирала мрежата од државни…