Најскапата државна зделка за купување мазут за ТЕЦ Неготино е коруптивна – се сомнева Државната комисија за спречување на корупција. Компанијата РКМ на бизнисменот и поранешен политичар Ратко Капушевски испорачувала помалку мазут а Електрани на Северна Македонија потпишувала анекси со оваа комапнија на веќе неважечки договори. РКМ и годинава увезува илјадници тони мазут вклучително и од босанската ХИФА Оил за која пред три година беше констатирано дека продавала загадувачко масло…
Граѓаните го препознаваат проблемот и не се задоволни со селективното информирање и неотчетноста на институциите одговорни за справување со енергетската криза. Речиси сите граѓани кои го одговорија прашалникот на ИРЛ се пожалија дека не знаат што презема државниот и политички врв во земјава за да ги намали последиците од енергетската криза. Во поткастот на ИРЛ наместо заложба за транспарентност премиерот Димитар Ковачевски ги советуваше новинарите на ИРЛ да тужат институции…
Македонија е најсончевата земја во Европа. Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба. Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел…