Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…
Македонската компанија „Сајтрокс“ заедно со три други поврзани компании од Грција, Унгарија и Ирска завршија на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави. Одлуката доаѓа по скандалите кои повеќе од една година ја брануваат Европа и светот откако се обзнани дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење…