Press "Enter" to skip to content

Уште 15 дена надеж за 1ТВ, ААВМУ отпочнува постапка за одземање на дозволата

По предлог на претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Лазо Петрушевски, Советот денеска донесе решение за отпочнување на постапка за одземање на дозволата на телевизијата 1ТВ која ќе трае во наредните 15 дена. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, пред Советот денеска образложуваше зошто треба да и биде одземена дозволата на телевизијата, а како главни проблеми ги посочи нецелосните информации дали телевизијата ги исполнува минималните кадровски…

Богдан Дамјановски од Кисела Вода е новиот сопственик на 1тв

Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо.  Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал…

Уапсен шоуменот Бојан Јовановски

Неформалниот сопственик и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, е уапсен на граничниот премин Богородица и е задржан во полициска станица поради случај кој го води обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија од ова обвинителство за ИРЛ. Според неофицијалните информации, Јовановски е уапсен на граничен премин при влез во земјава, а со него во полиција е задржан и бизнисменот Зоран Милевски познат под прекарот Кичеец. Од…

Агенцијата за медиуми ќе поведе нова постапка против „1ТВ“

Нова постапка против „1ТВ“ ќе поведе Агенцијата за медиуми бидејќи Јасминка Јовановска, новоизбраниот член во Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации е сопруга на еден од сопствениците на „1ТВ“, потврди директорот на агенцијата Зоран Трајчевски за ИРЛ откако објави агенцијата Макфакс. Постапката ќе биде отворена во петок, на наредната седница на Советот на Агенцијата. Според членот 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии,…