„Потребни се темелни реформи во македонското судство“, „Договор нема, разликите за судските реформи останаа“, „Судски реформи без резултати“, ова се дел од насловите кои во последните 20 години осамнуваат во македонските медиуми. Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против…
Претседателот Стево Пендаровски вели дека довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата, рече тој денеска на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата. „Говориме за неселективно и независно судство, кое професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно…
Според министерката, Рената Десковска гласот на судството се слуша само кога станува збор за распределбата на парите и вели, луѓето од судската власта имаат најмалку кредибилитет да зборуваат кога довербата во нив е на најниско ниво. Нејзината реакција следи по протестот на судската администрација за додатоците на плата. Навистина е непријатно, рече министерката, кога во рамки на судството се јавуваат конфликти, внатре меѓу различни групи за начинот на поделба на…
Интегритетот е најголемата „алатка“ која личноста „специјален обвинител“ треба да ја има пред да се зафати со чекори кои можат да го одредат теркот на владеењето на правото во една држава. А тоа пак (владеењето на правото) стои највисоко на листата од Копенхашките критериуми, клучни за евроинтеграција. Дали Катица Јанева го имала тој интегритет или не, во септември 2015 година, никому кој сакаше расчистување со режимот на Груевски, не му…

















