Press "Enter" to skip to content

Чаеви за слабеење забранети во ЕУ, во слободна продажба во Македонија со знаење на институциите

Најмалку пет институции, меѓу кои и Агенцијата за храна, МВР, Државниот пазарен инспекторат, Царината и Министерството за економија, би требало да се надлежни да спречат нелегална онлајн продажба на турските чаеви „трекс“ со супстанција која е недекларирана, забранета и опасна по животот. Институциите кои имале одговорност навремено и јавно да ги предупредат граѓаните си премолчиле, иако знаеле за присуството на оваа супстанција. Сите овие институции тврдат дека не е нивна работа…

МВР: „Дали носеше мини сукња“ е забрането прашање за полицаjците

Сторијата на ИРЛ за непостапувањето на полицијата и секундарната виктимизација на 19 годишните девојки кои беа нападнати од див таксист покрена протести и јавна дебата за прашањето за безбедноста на девојките и жените во земјава и неможноста да добијат институционална правда. Од МВР за ИРЛ велат дека таквото однесување на полицијата е недозволено. МВР бара и измени во Кривичниот законик каде што ќе има посебно кривично дело за полово вознемирување.…

Дивиот таксист насилник избега од државата и никој не го бара, жртвите малтретирани од полицијата

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување. Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за…

Верушевски се огради од „бомбите“ – не ги доставувал туку ги обработувал

Поранешниот разузнавач и актуелен советник на Премиерот, Зоран Верушевски, денеска се појави во Основниот кривичен суд во Скопје на ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување. Се работи за прво рочиште за овој предмет по преземањето на предметите од страна на редовното обвинителство од СЈО, кој и понатаму е застапуван од обвинителот Артан Ајро, кој го водеше овој предмет и во СЈО. Иако разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски…