Press "Enter" to skip to content

Укинат проектот „Радика Вилиџ“, планерската фирма може да остане без лиценца

Приватната луксузна населба „Радика вилиџ“ навидум се градеше согласно законите. Дозволата за реализација ја одобри локалната власт од Маврово и Ростуше. Четири години подоцна, Општината по налог на Државниот инспекторат за урбанизам го укина Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградба на 87 луксузни вили. Се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма која го изработи овој документ и на фирмата која била ангажирана за надзор.…

Владината комисија постапи по жалбата на Радика Вилиџ, луксузните куќи нема да се уриваат

Дивоградбите во „Радика вилиџ“ засега нема да се уриваат. Второстепената владина комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општината Маврово и Ростуше за уривање на девет објекти во „Радика вилиџ“ и ја прифати жалбата на инвеститорот. Причината не е затоа што тие се легални објекти, туку бидејќи градежниот инспектор на општината Маврово и Ростуше изготвил „аматерско“ решение за уривање, надвор од сите прописи и правилници.  До општината и до…

Проект Радика: Багерите на луѓе на ДУИ профитираат од зделката за спорните вили, Куртовски нема намера да руши

Ребрендирањето на ДУИ во зелена партија не значеше дека нивните членови ќе се откажат од профитот кога на агендата дојде на ред урбаното дивеење во општина Маврово. ИРЛ открива дека клучните институции ги дале дозволите за Радика во незаконски процедури, додека зделката за изградба на планираните 87 вили ја добила фирма на поранешен директор на ДУИ и истакнат партиски член од Гостивар.  Известува: Ивана Настеска (Скопје); Линдита Чела (Тирана); Илустрации:…