Press "Enter" to skip to content

„Нечиста крв“, осум месеци обвинителството ја проверува кривичната пријава на семејството Брезеви

Пред обвинителството вчера да оформи предмет за наодите во документарното истражување „Нечиста крв“, до нив стигнале две кривични пријави за начинот на третман од КОВИД 19 во клиничката болница „Жан Митрев“. Мелита Брезева, сопруга на починатиот Никола Брезев, сомнежите за смртта на нејзинот сопруг ги објаснила во кривична пријава доставена до обвинителството на 27 – ми октомври лани, а по осум месеци, обвинителството се уште ги проверува наодите во документот.…

Обвинителството оформи предмет по допрен глас по документарниот филм „Нечиста крв“

Денеска во ИРЛ стигна и кривична пријава против Жан Митрев, неговата болница и вработени лица, а ја поднел адвокатот Асмир Алиспахиќ пред три месеци во име на пациент кој се лекувал таму и починал од сепса.  Обвинителството по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев. Откако откривме дека КОВИД пациенти без да знаат дека се предмет на клиничко испитување, им…

ОЈО ја отфрли кривичната пријава на Антикорупциска против Панчевски

20.8.2019 година Основното јавно обвинителство Скопје денеска ја отфрли иницијативата за кривично гонење на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата. „Пријавата беше поднесена против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи делото застарело лани во мај “, соопштија од ОЈО. Од Антикорупциската комисија велат дека во текот на денот ќе излезат со став околу отфрлањето…