Press "Enter" to skip to content

Пишман Влада: Се поништи одлуката за споени концесии за рудникот „Иловица – Штука“

По само еден месец, министрите носат две различни одлуки поврзани со концесиите за ископ на бакар и злато на фирмата „Еуромакс ресоурцес“. Ако на 27 јуни, полутајно без информации за јавноста премиерот и министрите одлучија да ги спојат концесиите, денеска под притисок на новинарите и јавноста одлучија да си ја поништат одлуката за спојување. Одлуката била политичка. Шансите на „Еуромакс ресоурцес“ за отварање на рудникот се намалија но се зголемија…

Како поради наводна итност владата избегнала задолжителни контроли за концесиите на Еуромакс ресурсес

Бектеши предложил, Ковачевски прифатил спојувањето на концесиите да се разгледува како дополнителна точка на дневниот ред – инструмент кој се користи за итни прашања. Со ова се злоупотребил деловникот и под превезот на итноста се заобиколиле проверките и процедурите задолжителни за редовните точки на дневниот ред на владините седници. Владата сега бара од министерството за економија до следната седница да ги достави сите документи поврзани со концесиите за ископ на…

Функционерите на СДСМ не го фермаат мислењето на Антикорупциска комисија

Партиските функционери на СДСМ не чувствуваат одговорност за наодите на Антикорупциска комисија која откри дека во дел од вработувањата на блиски луѓе на функционерите на власта, било извршено влијание. ИРЛ ги праша генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски и портпаролот Костадин Костадинов дали чувствуваат одговорност. Двајцата велат дека не чувствуваат никаква одговорснот.    Аферата „непотизам“ за партиските вработувања на роднини на пратеници и функционери на власта денеска доби разрешница на седницата…