Ова истражување е резултат на шестмесечната истрага предводена од глобалната мрежа на истражувачки новинари која што ги обработи протечените документи обезбедeни од Центарот за напредни одбранбени студии од Вашингтон и норвешкиот медиум Е24. Новинарите пронајдоа најмалку 200 осудени криминалци, бегалци, политичари обвинети за корупција и санкционирани поединци кои поседувале недвижен имот во Дубаи. Дел од овие луѓе се и од Македонија. Известуваат: Давид Илиески и Маја Јовановска; Визуелизација: Лука Блажев,…
Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…
Обвинителот Љубомир Лапе, некогаш дел од расформираното СЈО, на прес-конференција порача дека истрагата за Скопје 2014 е жива. Отчетноста на обвинителството и грижата за јавниот интерес доаѓа во период кога институцијата одмолче клучни општествени случувања кои засегаат функционери од извршната власт и судството. Впечатокот е дека намерата е да се создаде привид дека нешто се работи на полето на справувањето со корупцијата иако во реалноста правосудниот систем со децении прикрива…