Press "Enter" to skip to content

Како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска да ги продаде акциите во „Фершпед“

Истрагата на СЈО за случајот „Империја“ во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков водат и кон „Фершпед“. СЈО обезбеди докази како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска, еден од мнозинските сопствениците да ги продаде акциите во „Фершпед“. Медиумите во тој период, 25 декември 2013, објавуваат информации дека сосема неочекувано Кираца Трајковска го продала својот удел од 11 проценти во компанијата. „Потегот на Трајковска, која ги продаде…

СЈО обелодени детали од истрагата: „Империјата“ на Камчев и Мијалков изградена од офшор фирми, испрани милиони евра

Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…

Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев

Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев.  ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека…

СЈО: Почеток на уште една приказна за изневерените очекувања

По серија постапки на СЈО веќе тоа не можеме да го кажеме, сега тоа е обвинителство што реагира на импулсите од политиката, како што се последните одлуки околу притворите во случајот Империја. СЈО веќе не е специјално, Владо Апостолов, новинар во БИРН.