Press "Enter" to skip to content

Записник од рочиште го демантира Јовески: Обвинителите го отфрлиле германското вештачење како беспредметно

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

Републичкото јавно обвинителство упати јавен демант до ИРЛ тврдејќи дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката. Дополнително, во јавното соопштение дистрибуирано на 14 август 2023 по емитувањето на истражувачкиот документарен филм “Убиство во Тетово” тие тврдеа и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот. 

„Апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка. Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно.“, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од кабинетот на Јовески посочија дека сето ова било јавно видливо за сите оние кои ги следеле рочиштата. Тимот на ИРЛ го следеше судењето во Тетово и ги доби сите судски записници и аудио снимки од рочиштата и тие беа основа во документарниот филм на ИРЛ да се изведе аргументот дека ова вештачење не било земено во предвид. Токму за ова тврдење на ИРЛ државниот обвинител Јовески најсилно реагираше во демантот.

Рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ се одржа на 2 март 2023 во Тетово. Тој ден во судницата како застапниците на обвинението беа двајцата обвинители од скопското обвинителство, Зорица Павловиќ и Дејан Петрески, делегирани од Јовески. 

ИРЛ поседува транскрипт и тонски запис од судењето, кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи. 

Извадок од транскрипт од судско рочиште во Тетово на 02.03.2023

Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење. 

Германските вештаци се експлицитни во заклучоците дека материјалите и самата градба биле проблематична и овозможиле брзо ширење на пожарот. Тие посочуваат дека присутвото на големата количина на кислород во комбинација со полиуретанот или пур-панелите од кои била изградена. Потоа, фактот дека во болницата немало противпожарни прегради кои би спречиле понатамошно проширување на огнот, или во најмала рака би го отежнувале ширењето, што пред се е и законска обврска да бидат вградени согласно стандардите за безбедност. 

И на крај, како причина е посочена и отворената конструкција на градбата во поткровјето каде штетниот гас можел непречено да се меша со кислородот и да се прошири насекаде за многу брзо време. Ова е и причината за како болницата согоре до темел за толку кратко време. 

Обвинителите не дозволуваа прашања за причините кои довеле до брзото ширење на пожарот на ниту едно од рочиштата, бидејќи тие околности не биле предмет на обвинението. Судијата Јордан Велковски ги прифати сите приговори, бидејќи како што неколку пати нагласи дека судењето е за други кривични дела, односно непостапување по здравствени прописи. 

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »