Истражувањето открива како со помош на мрежа од компании и посредници раководството на ЕСМ дозволило државата да купува поскап јаглен со цел некои компании и бизнис-моќници со силни политички врски оваа криза да ја искористат како шанса за сопствено богатење врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја. Од 2022 година до денес компанијата ЕСМ склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што било…
Корист од скандалозните законски измени ќе имаат поранешни и актуелни функционери на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Ако измените се изгласаат ќе се спасат плејада на озлогласени крадци со вакви дела од различни партии како Рамис Мерко, Драги Рашковски, Никола Груевски. Ќар ќе имаат многу корумпирани функционери кои биле судени во последните 10 до 15 години, бидејќи измените ќе важат ретроактивно за неправосилните предмети, а на сила ќе стапат веднаш.…