Press "Enter" to skip to content

Кисела Вода продолжува да се бетонира: Две петокатници ќе „голтнат“ зеленило

„Согласно Уставот и законите“ продолжува градежното силување на Кисела Вода. Најновата приказна од оваа општина доаѓа од улицата „Христо Татарчев“ каде почна градба на две петокатници. Зградите ќе се градат на зеленило, на неколку метри од постоечките станбени објекти.  Со приватно обезбедување утрово инвеститорот пристигна на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода каде треба да почне изградба на две петокатници. Младиот сопственик на фирмата Кат Костов, опколен со четворица бодигарди,…

Жителите на Пржино повторно на протест, бараат мораториум на градбите

Жителите на населбата Пржино во Скопје потпишаа петиција со која бараат ревизија на актуелниот Детален урбанистички план и мораториум на градбите. Со протестен марш низ населбата упатија апел до општината Кисела Вода и надлежните институции дека ДУП-от не е легитимен. „Петицијата е глас до општината Кисела Вода, но и до повисоките органи – Министерствата за животна средина и за транспорт и врски со која бараме мораториум на спорните градби. ДУП-от…

Градежни инспектори привремено ја стопираа изградбата на четирите четирикатници во Пржино

Спорната изградба на четири згради во Пржино вчера беше причина за уривање на потпорен ѕид. Градбата моментално е стопирана, но ќе продолжи веднаш штом инвеститорите го санираат ѕидот и го обезбедат објектот. Жителите на околните куќи се жалат дека неколку пати испратиле писма до општината, со предупредување дека потпорниот ѕид може да падне и куќите од горната уличка да се слизнат надоле, но досега не добиле никаков одговор од општинарите.…

Камионот на озогласениот пржински инвеститор гази по ДУП, ред, закон, право, жители и почит

Пркосните жители од слепата уличка во Пржино денеска му послаа бело платно на инвеститорот кој до нивните куќи гради станбен комплекс од четири четирикатници. На платното долго 50 метри со црни букви е испишано: Ред, ДУП, закон, право, жители, почит. Камионот помина низ нивната улица до градилиштето по платното, а жителите со дрон го снимија „погазувањето“ врз сите зборови кои значат правда и правна држава. Минатата недела инвеститорот почна да…