Press "Enter" to skip to content

Интерактивна мапа: Променетиот лик на населбата Тафталиџе

Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Таков е случајот со Тафталиџе. Низ пребарувањето на стотици…

Студентите по архитектура во битката за спас на Дебар Маало

На тротоарот пред Општина Центар, 50 студенти од Архитектонскиот факултет понудија решенија за урбанистичко преобликување на 15 локации во Дебар Маало, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе биде достапен за користење од страна на сите граѓани. Реконструкцијата на Дебар Маало треба да го подобри квалитетот на секојдневното живеење, внесувајќи зеленило и свежина во сивото пренатрупано подрачје. Изложбата се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина…

Имам што да кажам: Урбаната мафија не е мистерија, тоа се институциите и инвеститорите

Младинскиот тим „Крик“ на Истражувачката репортерска лабораторија секоја недела ќе емитува интервјуа и анализи чија мисија е да ги прикажат големите проблеми од сферата на владеењето на правото и борбата со корупција преку потребите и проблемите кои ги мачат младите. Дел од нашата мисија е да им дадеме глас и видливост на идните лидери во јавниот живот и да го претставиме неискористениот потенцијал на храбрите, прогресивни млади кои останаа во…