Press "Enter" to skip to content

Се чека записник од дивоградби во Струга за Планот по препораките од УНЕСКО да биде комплетиран

Општините Охрид и Дебарца направија регистар на дивоградби, а Струга, за која градоначалникот Рамиз Мерко тврдеше дека нема, тоа ќе мора да го стори до крајот на октомври. Прогласен е мораториум за градење во Охридскиот регион, а некои нелегални објекти се рушени или се во процес на рушење. Ова се дел од пораките кои македонската делегација предводена од министерот Едмонд Адеми задолжен за мерките на УНЕСКО и градоначалникот на Охрид,…

Градоначалникот на Охрид на отчет во УНЕСКО, Нефи Усеини спокоен до ноември

Со четири нецелосно урнати дивоградби, од вкупно 1076, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески замина на отчет во седиштето на УНЕСКО во Париз. Тој таму го презентираше првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство. Георгиески рекол дека во текот на изминатите три месеци општината Охрид покажала „значителен напредок во делот на исполнување на препораките“. Ја споменал одлуката за мораториум на…

Откажан протестот на Нефи Усеини против уривање на дивоградбите, кои и така не се рушат

Општинскиот советник во Охрид и сопственик на неколку дивоградби од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, го откажа протестот планиран за денеска пред општината. Од СВР Охрид потврдуваат дека протест бил закажан, без да посочат кој стои зад организацијата и добиле известување дека истиот нема да се одржи. На 22.септември, преку Фејсбук, Усеини најави протест поради начинот на кој се одвивала акцијата за уривање на дивоградбите и беше изнесено мислење дека…

Константин Георгиески: Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти се брои со денови

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска најави дека во прашање се денови кога ќе почне уривањето на дивоизградените платформи и тераси во градот. – Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти се брои со денови. Апелирам до сите кои добиле решенија за остранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти, не ден побрзо, туку час поскоро да почнат…