Новата предметна обвинителка Верица Бержецка Крстева не преземала ниту едно ново дејствие, не знае за постоењето на клучни документи како „Ревизија на постапката за јавна набавка за замена на времени објекти од амбулантно-поликлиничка дејност“ и се држела до старите докази од претходната обвинителка Елизабета Јосифовска којашто што во јавноста често беше прозивана дека предметот предолго го држи во предистрага. Известува: Маја Јовановска Неажурната предистрага и фокусот на обвинителските активности…
Викендичката на Попова Шапка на универзитетскиот професор Фатон Мурсели била легализирана со нелегален геодетски елаборат. Агенцијата за катастар утврди дека документот е незаконски со невалиден дигитален потпис, а геодети воопшто не биле на Попова Шапка за да извршат геодетско мерење. Но и покрај ваквите пропусти, легализацијата на викендичката ги поминала сите филтри во Општина Тетово и никој не увидел фалсификат. Известуваат: Пелагија Стојанчова; Иван Блажевски, Графика: Лука Блажев Од Агенцијата…
Повторно ќе им се суди на директорите на болницата во Тетово, во која за време на ковид пандемијата во пожар изгореа 14 луѓе. Пресудата на Судот во Тетово била нејасна, одлучи Апелациониот суд во Гостивар. За причините за пожарот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години води предистрага. На повторно судење се враќа дел од предметот против двајцата директори на Тетовската болница за случајот со пожарот…

















